Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино

Со 1,81 промили алкохол во крвта возел во Неготино, доцна синоќа бил приведен жител на неготинското село Криволак, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Синоќа во 23:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода Р.А., на возраст од 41 година од село Криволак, неготинско. При сообраќајна контрола на булеварот „Маршал Тито“ во градот е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол. Измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР - Велес.
Оттаму додадоа дека по целосно документирање на случајот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
МИА
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Симболичен настап на Јада во квалификациите на крос-кантри спринтот
-

Нивото на водата на Охридското Езеро 16 сантиметри над февруарскиот просек
-

Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
-

Позната причината за смртта на Кетрин О’Хара
-

ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Герасимовски: Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање
-

Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај
