-->
-->
Возачот и шест патници повредени при нагло запирање на автобус во Скопје
-->

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 14.55 часот на ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, при нагло запирање на автобус „даф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.К.(45) од Скопје, со повреди се здобиле шест патници и возачот. Со тешки телесни повреди се здобил Џ.Д.(59) од Скопје и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил возачот и А.И.(60), Т.В.(24), Љ.Б.(21), Е.И.(20) и Ќ.М.(58), сите од Скопје, по што Ќ.М. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а останатите четири патници биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
