Свет
3. May 2023 - 8:36

Воздушна тревога прогласена во голем број региони во Украина поради можност од руски воен напад

Во голем број региони на Украина е прогласена воздушна тревога.

Тревога е прогласена во Черниговската, Сумската, Запорошката и Киевската област, како и во главниот град Киев.

Во Киев е прогласена воздушна тревога поради можен напад од руски беспилотни летала.

Регионалната воена управа на Киев извести дека системите за противвоздушна одбрана се оперативни и го повика населението да се скрие во засолништата.

Воздушна тревога беше прогласена и за регионот Дњепропетровск.