Македонија
19. November 2018 - 16:17

Возило со бугарски таблици опожарено во Скопје

Патничко возило „БМВ“ со бугарски регистарски ознаки било опожарено на улицата „Мирка Гинова“ во Скопје. Случајот бил пријавен рано утринава, во 3.50 часот,  во СВР Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, возилото е сопственост на К.С.(32) од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.