-->
-->
Вознемирувачки сцени од легални бордели во Бангладеш
-->
Бангладеш е една од неколкуте муслимански земји каде проституцијата е легална. Општината Тангаил е домаќин на борделот Кандапар, најстариот и втор по големина бордел во земјата кој постои околу 200 години.
Борделот во 2014. година го срушила група вооружени луѓе кои имале поддршка од локалната влат, но повторно е воспоставен затоа што овде живеат и работат повеќе од 700 сексуални работници заедно со своите деца.
Жените, по рушењето не знаеле каде да одат, па со помош на повеќе невладини организации повторно го обновиле.
Неодамна фотографот од Германија, Сандра Хојн го посетила овој бордел и направила навистина вознемирувачки фотографии.
Проститутките бо бангладеш не се сметаат како нормални граѓани. Тие немаат никаква слобода ниту човекови права. Девојките често доаѓаат од сиромашни семејства или се жртви на трговија со луѓе и се во сопственост на госпоѓа. Таа и собира парите од девојките додека не го исплатат долгот.
Дури и кога ќе ги платат долговите и ќе станат слободни, девојките остануваат во борделот затоа што семејствата се откажале од нив.
Според законот, сексуалните работници мора да имаат 18 години, но меѓу нив повеќето се малолетни. Исто така многу од нив земаат орадексон, лек кој се дава на животните да изгледаат поздрави и посилни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност
-
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи