Живот
7. March 2018 - 14:25

Вознемирувачко: Дете незнае што го снашло - Среде препирка жена го грабна детето и со него тепаше маж

Во напад на бес, една жена го грабнала малото дете за врат и со него почнала да го тепа човекот, кој претходно го плукнала.

Не е познато што и предизвикало вакво однесување, но сцената во прометната трговска улица ја виделе повеќе десетици луѓе.

Жена стара 30-тина години го плукнала човекот кој поминал покрај неа. Потоа другарката и го подала детето, а таа без размислување го грабнала и го употребила како оружје.

На снимката се слуша како луѓето врескаат додека таа замавнува со детето над глава.

Мажот потоа замавнува со десница и ја удира жената по глава. Пријателот го одвлекува, а разбеснетата жена, која и натаму го држи детето, оди по него.

Не е познато каде е снимен инцидентот. Во неделата е поставен на LiveLeak и од тогаш имал повеќе илјади прегледи.