Живот
25. January 2018 - 22:10

Вознемирувачко: Смртоносен тренд се шири - сакал совршено селфи, а не знаеше дека ќе му биде последно

Потресно видео на кое воз удира младо момче кое сето тоа го снима за да направи совршено селфи, има илјадници прегледи но изгледа тоа не е доволно предупредување за младите во Индија да се откажат од овој смртоносен тренд.

На снимката се слуша непрекинато сирената на возот како и предупредување од човек кој стои во близина, но упорното момче за сето тоа рече „еве уште минутка“.

Станува збор за млад спортски тренер кој го следел опасниот тренд „сликање на совршено селфи“ кое однесе повеќе животи.

За негова неверојатна среќа, иако со тешки повреди, момчето го преживеа ударот од возот. На снимката се гледа како возот го удира во глава и во десната страна од телото.

Лудилото кое се рашири по социјалните мрежи ги зафати луѓето во Индија и ги поттикнува учесниците да се сликаат додека им се наближува возот.

Само во октомври 2017 година, тројца тинејџери ги прегази воз додека се обидуваа да направат вакво селфи во индиската држава Карнатка, додека двајца тинејџери загинаа под исти околности на шините во Делхи.

Експертите веќе некое време предупредуваат на опасноста на трендот кој го следат млади луѓе опседнати со социјалните мрежи.

Исто така истакнуваат дека повеќето селфи - смрт ситуации во светот всушност се случуваат во Индија. Од 127 случаи кои истражувачите ги евидентираа во светот, во периодот од март 2014 до 2016 година, дури 76 се случиле во Индија.

Поради овој ужасен тренд железничките претпријатија во Индија покренаа и кампања зошто законот кој предвидува казни за секој кој ќе се обиде да направи селфи на шини или платформа, очигледно не е доволен.