Вработените на Инфективното одделение – Штип дале писмени изјави за случајот со пациентката од Берово
Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев соопшти дека пред да каже дали имало имало некакви пропусти во врска со починатата 41- пациентка од Берово, ќе ги причека извештаите од Комисијата за контрола на здравствени и етички прашања и од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ).
-Најпрво сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејството на починатата. Поради тоа што во моментот има вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ, како и дадено задолжување на Комисијата за контрола на здравствени и етички прашања при Клиничка болница – Штип да го иследи случајот и да поднесе писмен извештај, сметаме дека во моментот е коректно да ги почекаме извештаите. По нвното добивање ќе имаме појасна слика за случајот и дали имало евентуални пропусти, наведе денеска Ѓеорѓијев во писменото соопштение.
Раководството и вработените на Инфективното одделение вчера дале писмени изјави за случајот со пациентката од Берово, одосно за времето кога се случувале телефонските повици..
Директорката на ДСЗИ, Иринка Сотиова Бухова денеска на прес-конференција рече дека го чека извештајот од штипската Клиничка болница за случајот со пациентката која во саботата почина на Инфективното одделение, а потоа Министерството за здравство ќе формира Комисија за стручен надзор. Рокот за извештајот, кој треба да го достави Комисијата на Болницата истекува утре.
Според Регионалниот КОВИД-центар денеска на лекување се вкупно 59 пациенти од источниот регион, со тешка клиничка слика, а четворица ја изгубиле битката со корона вирусот.
Ново на Сител
-
При претрес во Струмица пронајдени дијаманти
-
Над 300 проекти пријавиле општините на повикот на Владата
-
Се урна уште еден дел од мостот во Дрезден
-
За заемот од Унгарија ќе се гласа најверојатно во вторник
-
Гужви на „Табановце“: За излез се чека околу 40 минути
-
М-НАВ: Отворена истрага за настанот на небото над Скопје
-
ЦУК: Дождот ќе ги зголеми водостоите на реките, но не постои опасност од поплави
-
Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци