Врачени награди на најдобрите студенти на УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска им додели награди на најдобрите дипломирани во академската 2015/2016 на секој од 23-те факултети кои се во негов состав, кои постигнале највисока просечна оценка на додипломските студии.
Наградите, кои се состојат во паричен износ и златник со ликот на Кирил и Методиј, им ги врачи ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, кој истакна дека почитувајќи ја речиси седумдецениската традиција, со овој свечен чин им се оддава должно признание на најдобродипломираните студенти на УКИМ.
- Тие со својата одличност за нијанси се издвоија од нивните колеги и станаа први меѓу еднаквите по квалитет во својата генерација. Целта на оваа денешна церемонија е скромно да ве наградиме и јавно да ве пофалиме, рече Јанкуловски.
Покрај наградите за 23 најдобро дипломирани на УКИМ, на настанот беа врачени и наградите „26 Јули“ на Фондацијата „Франк Манинг“ од Лондон за учебната 2016/2017 и наградите од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ од Машинскиот факултет.
„26 Јули“ добија Сара Спасовска од Филозофскиот факултет, Теодора Јосифовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Мерџан Ѓунтер од Економскиот, Дамјан Ѓорѓиевски од Факултетот за ликовни уметности и Сања Аврамоска од Архитектонскиот факултет.
Наградата им се доделува на студенти од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на УКИМ, со просечен успех во текот на студирањето од најмалку 8.00. Износот на оваа награда е 12.500 денари.
Добитници на наградата од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ се четворица студенти од Машинскиот факултет: Фросина Кузмановска, Ангела Боцеска, Филип Ефремов и Тамер Мемедовски, и Влатко Бунтески од Факултетот за електротехника и информациски технологии-ФЕИТ.
Фондот за оваа награда е формиран од авторските хонорари на проф. Стамболиев, остварени во повеќедецениското издавање на десетина универзитетски учебници од областа на машинството. Им се доделува секоја година на студенти за одличен успех во текот на студирањето. Наградата е од каматата на орочените средства на фондот.
Ново на Сител
-

Околу 80 000 компании активни во земјава, бизнисот се повеќе работи електронски
-

Киднапирана жена пронајдена мртва во гостиварско
-

Стартот на „Безбеден град“ се одложува - системот ќе профункционира на 1 февруари
-

Шпанка доби отказ поради што доаѓала предвреме на работа
-

Трамп потпиша извршна наредба за ограничување на државните закони за вештачка интелигенција
-

УХМР: Најстудено утрово во Берово
-

ФЗО ќе соопшти за спроведените контроли на работењето и финансиското управување во јавните здравствени установи
-

Конференција на Советот на министри за култура од ЈИЕ, најавена декларација за одржливи културни модели
