Врачени наградите „13 Ноември“
Во Македонската опера и балет вечерва беа доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје.
Професорите Димитар Мирчев и Беким Кадриу годинава се добитници на наградата во областа на науката и публицистиката, а во областа на образованието педагогот во пензија Баки Бакиу. Писателот Џабир Ахмети и драматургот Братислав Димитров се наградени во областа на културата, актерката Јелена Жугиќ и архитектот Јован Стефановски-Жан во областа на уметноста и архитектурата, додека во областа на здравствената заштита и хуманитарната активност наградата ја понесоа педагогот Поликсена Илиоска и доктор Гордана Петрушевска.
Наградата најдобар спортист ја добија Стојна Вангеловска и Игор Стефановски - Иџе.
За успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности награден е студентот на Стоматолошкиот факултет Скопје при УКИМ Марко Младеновски.
- И по 71 година од ослободувањето, не бледее значењето на 13 номеври како еден од најзначајните денови во историјата на Градот Скопје - симбол на слободата, мирот и достоинството на неговите граѓани од сите националности. Денот кога Македонија предводена од генералот Михајло Апостолски го ослободи градот од окупациските сили, го означува почетокот на новата ера на забрзан развој на нашата престолнина, рече градоначалникот Коце Трајановски пред врачувањето на наградите.
Скопје не ги слави само седумте децении, туку, како што додаде Трајановски, и на достоен начин се сеќава на сите премрежја низ кои мина и минува до денешен ден.
Последниве години Градот Скопје вложува силни напори за инфратструктурно осовременување слично на европските метрополи.
- Свесни за одговорноста и за предизвиците што ги носи новото време, почна изградбата на модерно и поурбано Скопје. Престолнината добива нови населби, фабрики, пошироки улици и булевари, континуирано го зголемува бројот на населението и руралните делови станува составен дел на урбаното Скопје, подвлече градоначалникот.
Новите генерации, порача Трајановски, имаат обврска да воведуваат нови, повисоки стандарди во комуналната инфраструктура и да го унапредуваат јавниот живот.
Обраќајки се од името на годинашните добитници на наградите, професорот Мирчев истакна дека признанието 13 Ноември ги одразува достигнувањата на Градот кој изминативе години прерасна во современа, европска метропола.
Наградата „13 Ноември“ Град Скопје ја доделува во знак на признание за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, како и други сегменти на животот и творештвото што претставуваат посебен придонес во развојот на Скопје.
Пред вечерашното доделување на наградите во МОБ беа изложени и дела од 10. меѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“, а свеченоста продолжи со концерт на првенците на Македонската опера и балет.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски