Врачување на наградата „Жан Моне“
Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и почесниот претседател на жирито за наградата „Жан Моне“, Сонила Мецо, новинар и есеист, денеска ќе ги врачат годинешните награди за новинарство, за репортерска фотографија и аматерска фотографија.
На настанот ќе се обратат Жбогар, Мецо и добитниците на наградите.
Делегацијата на Европската Унија по 14-ти пат ја доделува наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања кои се однесуваат на ЕУ и пристапувањето на земјата кон ЕУ. Од 2009, наградата исто така се доделува и за најдобра професионална фотографија, а од 2012 и за најдобра аматерска фотографија. Во изминатите 13 години, повеќе од 400 пријави се натпреварувале за наградата.
Меѓу победниците на наградата „Жан Моне“ се наоѓаат и добро познати новинари, фото репортери, како и млади автори. Оваа година, се примени 58 пријави: 14 пријави за најдобра репортерска фотографија, 7 за најдобар новинарски текст и 37 за најдобра аматерска фотографија.
Мецо е една од најистакнатите регионални телевизиски новинари и политички аналитичари, која е многу активна во печатените медиуми, со безброј написи во весници и списанија во регионот.
Таа утре во ЕУ Инфо центарот ќе одржи предавање на студентите по новинарство. Предавањето ќе биде проследено со интеракција со студентите со цел да разменат искуства и ставови за моменталните трендови во медиумската сфера во регионот.
Наградата „Жан Моне“ се состои од мали статуетки за сите добитници и парична награда од 1.000 евра за најдобар натпис, 1.000 евра за најдобра репортерска фотографија и 500 евра за најдобра аматерска фотографија.
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада