„Врба“ на Манчевски во трка за Европски оскар
Европската филмска академија (ЕФА) денеска ја објави одлуката да го вклучи „Врба“ на Милчо Манчевски во селекцијата за најдобар филм 2020 на 33-те Европски филмски награди.
За филмовите во селекцијата за најпрестижната европска награда, што е позната и како Европски оскар, ќе гласаат над 3.800 членови на Академијата и ќе изберат по пет номинации во пет категории: најдобар филм, режисер, актер, актерка и сценарио. Номинациите ќе бидат објавени на 7 ноември на фестивалот во ѓпанскиот град Севиља.
Годинава доделувањето наградите на Европската филмска академија ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд на 12 декември. Во селекцијата на ЕФА годинава се 38 филмови.
Ова е втор пат филм од Манчевски да влезе во селекцијата за европските филмски награди, во 2011 година селектиран беше и неговиот „Мајки“.
„Врба“ го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. Пред ковид пандемијата, по македонската премиера филмот играше в кино два и пол месеци и ги сруши рекордите на гледаност во земјата.
Публиката го забележа на низа фестивали, а филмот продолжи да собира одлични критики – Варајети го нарече „суптилен, длабок“, Холивуд репортер вели „те зграпчува, супериорно атмосферски, актуелен и универзален“, за Скрин интернешенел е „трогателен и длабок“.
„Врба“ е добитник на наградите „Хосе Оливеира“ на Фантаспорто во Порто, на Најдобар филм на Велингтон, Нов Зеланд, се прикажа и на фестивалите во Талин, Тајпеј, Пекинг, Истанбул, Сараево, ФЕСТ во Белград, Синеквест во Сан Хосе, Клуж-Напока, Бенгалуру во Индија… „Врба“ неделава ќе го отвори фестивалот во Софија, а ќе го затвори фестивалот во Тирана. Номиниран е и за Најдобар меѓународен филм и за Најдобар режисер на Рејнденс во Лондон.
„Врба“ ги раскажува приказните на три мајки во средновековна и современа Македонија. Играат Сара Климоска, Наталија Теодосиевска и Камка Тоциновски, директор на фотографија е Тамаш Добош, монтажата е на Николас Гастер, продукцискиот дизајн е на Дејвид Манс, а музиката е од Кирил Џајковски.
Филмот е македонско – унгарско – белгиската копродукција со учество на Албанија, а продуциран е од Јане Ќортошев и британскиот продуцент Ник Пауел.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата
-
Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар и ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници