Македонија
12. May 2024 - 21:20

Вреди: Не треба да се отвораат старите рани

Коалицијата Вреди, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова при заклетката во Собранието не го употреби уставното име на државата, порача дека не треба да се отвораат стари рани и оти претседателот мора да биде пример за почитување на Уставот. 

- Изразуваме загриженост што емоциите од кампањата влијаат на рационалноста во првите чекори во реал политика. Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата. Претседателот на Републиката мора да биде пример за почитување на Уставот, особено кога станува збор за професорка по Уставно право, соопшти вечерва партијата БЕСА од Коалицијата Вреди.   

 Северна Македонија, дополнуваат, е полноправен член на НАТО Алијансата и  со почнати преговори со ЕУ, но не чекаат уставни измени за да продолжиме по Европскиот пат.

-Не ни треба отворање на старите рани. Затоа, добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име, што сепак е знак дека реалноста де факто е прифатена од неа, наведува Вреди во соопштението.