-->
-->
Времен режим на сообраќај на патот Маврови Анови – Жировница од 14-ти овој месец
-->
Почнувајќи од 14 јуни 2022 година во наредните 45 дена од 10 до 14 часот ќе се воспостави времен режим на сообраќај на регионалниот пат Маврови Анови – Жировница поради асфалтирање на делницата.
Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, согласно одобрението издадено од страна на Министерството за транспорт и врски, ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за објект Рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.
-Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштвото за градежништво Пелагонија АД, Гостивар, се наведува во соопштението на АМСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Деца пронајдени во бесознание
-
Јаневска најави ревизија на универзитетите
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Атанасовски, невролог во ГОБ „8ми Септември“
-
100 години Прилепска пиварница
-
Мицотакис: Имаме „оружје“ за тактиките на Мицкоски, ама не го откриваме
-
Воена помош и оружје - Донесен украински пакт за помош на Украина на НАТО самитот
-
СДСМ обвинува дека со кредитот државата оди во политичко заложништво, за власта ова се најповолни услови досега