-->
-->
Времен режим на сообраќај од патарината кај Петровец кон Хиподром
-->

Од денеска почнуваат градежни активности за обнова на патот од Кадино до Хиподром, на потегот од наплатната станица Петровец кон Хиподром, заради што ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај и ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојба на патиштата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Предупредува дека во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
