Времен сообраќаен режим викендот во Скопје
По повод спојувањето на Т-Мобиле и Македонски телеком во еден правен субјект ќе се одржи културна манифестација на 19 и 20 септември на улица „11 Октомври“ пред Порта Македонија. Од овие причини, како и поради припремните активности на организаторот за сообраќај од вчера од 23 часот затворени се улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ на потегот од крстосницата помеѓу ул. „11 Октомври“ и бул. „Кочо Рацин“ па се до крстосницата од ул. „Димитрија Чупоски“ и ул. „Даме Груев“, како и од излезот од Градски трговски центар и влезот кон Порта Македонија.
Посочените улици, соопштија денеска од СВР - Скопје, ќе бидат затворени до 12 часот во недела.
Во рамки на Европската недела на мобингот од денеска од 16 часот па се до 16 часот во недела на ул. „Манаков“ пред ТЦ „Сити мол“ ќе се одржи културна манифестација „Балкан бајк фестивал“. Во овој период временски ќе се измени режимот на сообраќај по оваа сообраќајница.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај