Македонија
23. February 2022 - 8:29

Времето денес ќе биде променливо облачно и ветровито

Времето денеска ќе биде променливо облачно со намалена облачност попладне и особено во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието кој наместа ќе достигнува над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 5 до 13 степени.

Според прогнозата на УХМР,  во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

До четврток ќе дува засилен северен ветер, повремено со над 60 километри на час. Утринските температури ќе бидат сè пониски, а најстудено ќе биде в петок наутро.

Нови врнежи се очекуваат во текот на викендот кога ќе дува јужен ветер.