Македонија
21. December 2016 - 8:17

Времето денеска студено со слаб ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и ведро. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус четири, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје слично време, сончево и студено со појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус 10, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.