Врховен суд: Британскиот Парламент мора да гласа за брегзит
Британскиот Парламент мора да гласа дали Владата да го почне процесот за брегзит, соопшти денеска Врховниот суд.
Одлуката значи дека премиерката Тереза Меј не може да почне разговори со Европската унија се додека членовите на Парламентот не и дадат дозвола.
Судот одлучи дека шкотскиот Парламент како и велшкиот, северноирскиот не е потребно да дадат одобрение за тоа. Одлуката треба да се донесе најдоцна до 31 март кога е крајниот рок.
Се очекува соопштение од Владата на Велика Британија, која наведе дека подготвена за активирање на Членот 50 од Лисабонскиот договор и дека за тоа не се потребни со парламентот, јавија локални медиуми.
Истата одлука Врховниот суд ја донесе и во ноември, но британската Влада се жалеше и повторно го загуби процесот.
Лорд Науберг објасни дека Судот не зазема став дали Велика Британија треба да ја напушти ЕУ или не, туку само е заклучено дека за активирање на членот 50 мора да се гласа во Парламентот.
Британски Индепендент објави денеска дека премиерката Тереза Меј можно е до крајот на неделата да претстави нацрт-закон со кој ќе се активира процедурата по Член 50 од Лисабонскиот договор за излегување на државата од Европската унија.
Весникот се повикува на владини извори кои наведуваат дека документот веројатно ќе биде завршен неколку дена по очекуваната денешна одлука од Врховниот суд за прашањето за процедурата на „разводот“ со ЕУ.
На 23 јуни минатата година британскиот народ одлучи на референдум за напуштање на Европската унија.
Ново на Сител
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор
-
Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство
-
Кривична за директорка на училиште, самата се назначувала за ментор на приправници и се стекнала со 303.360 денари