Врховен суд: Пониските судови ја повредиле законитоста во одлуките за Кочан
Врховниот суд ги укина решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 и на Кривичниот совет Апелацискиот суд Скопје, со кои му беше одреден притвор на Сеад Кочан, осомничен од Специјалното јавно обвинителство во предметот „Труст“.
- По вака донесената пресуда, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје ќе треба да одлучува по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поднесена против решението на судијата во претходна постапка со кое е одбиен предлогот за определување на мерка притвор, се наведува во денешното соопштение објавено на веб страната на Врховниот суд.
Причините за ваквата одлука, како што посочуваат во соопштението, се повредите на законите од страна на пониските судови, кои се содржани во образложението на пресудата на Врховниот суд на Република Македонија. Линк до пресудата: http://www.vsrm.mk/wps/wcm/
Ново на Сител
-
Мицотакис денеска на Санторини – продолжуваат земјотресите на островот
-
Без струја утре дел од општина Центар
-
Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес
-
Му се слошило на роденден на својата ќерка, почина Игор Југ
-
Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-
Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната
-
Песков: Русија и САД не започнале разговори за средбата Путин-Трамп
-
Поради дојави за бомби се евакуираат ученици во Аеродром