Врховен суд: Потребен е поунифициран пристап при постапувањето и одлучување за кривичните дела од областа на сообраќајот

Потребен е поунифициран и посистемататичен пристап при постапувањето и одлучување за кривичните дела од областа на сообраќајот, како и соодветни измени на Кривичниот законик, е ставот на Врховниот суд донесен врз основа на заклучоците од Одделот за казниви дела и Одделот за судска практика на барање на претседателот на Врховниот суд во согласност со Законот за судовите и Деловникот за работа на Врховниот суд.
Како што денеска соопштија од Врховниот суд на Република Северна Македонија, за заклучоците и предлозите за конкретното правно прашање, уредно е известен Судскиот совет и тоа со дописи од 10.12. 2021 година и од 9.5.2022 година.
Во соопштението се наведува дека Врховниот на сопствена иницијатива, но и по поднесени дописи од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во повеќе наврати го разгледувал прашањето за казнената политика на судовите за кривичните дела од областа на сообраќајот.
- Воедначувањето на судската практика Врховниот суд го остварува само во постапка предвидена со закон. Можноста за воедначување на судската практика во однос на ова правно прашање е ограничена во стадиумот на постапување пред Врховниот суд на Република Северна Македонија со оглед дека секој предмет има свои особености и ниту еден предмет не може да се стави во корелација со друг предмет, информираат од Врховен.
Во поглед на директната интервенција во казнената политика за кривичните дела од областа на сообраќајот, Врховниот суд појаснува дека може да интервенира во одлуката за казна само кога постои законска можност, односно во жалбена постапка, додека по вонреден правен лек нема законска надлежност да интеревенира во изречена кривична санкција доколку истата е одмерена во законски пропишаните граници.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
