Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови

Врховниот суд денеска одржа проширена општа седница на која се разгледаа извештаите за работата на судовите во државава за 2024 година.
Како што информира Врховниот суд, согласно Законот за судовите и Деловникот за работа на Врховниот суд, се разгледуваат извештаите за работата на судовите во земјава од аспект на ажурноста и квалитетот на работата на секој суд, за што се дава оценка и се донесуваат заклучоци.
В.д. претседателот на Врховниот суд д-р Џемали Саити истакнал дека оценките и заклучоците на општата седница на Врховниот суд претставуваат остварување на принципот на самостојност и независност на судската власт, остварување на уставната положба и улога на Врховниот суд, како и обезбедување на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните.
-На проширената општа седница беше констатирано дека податоците во рефератите по извештаите покажуваат дека судиите во Република Северна Македонија вложиле голем труд, поголем дел од пониските судови со постоечките персонални, материјални и финансиски услови за работа, успеале да го совладaат приливот на нови предмети и покажале ажурност во изминатата 2024 година. Дел од судовите, пак, не успеале да го совлaдаат приливот на новопримени предмети, а со тоа го зголемиле и заостатокот. Во оваа насока, на проширената општа седница беше истакнато дека состојбата е алармантна поради намалениот број на судии и дека потребен е избор на нови судии и пополнување на судовите со доволен број на соодветен кадар, стои во соопштението.
Исто така било потенцирано дека од суштинско значење е континуираната едукација и подобрувањето на материјалната и финансиската состојба, како услов за ефикaсност и ажурност на судовите, но и обезбедување на финансиска независност на судската власт.
Ново на Сител
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
-

Апсурдна е пресудата за новинарката Вејсели, реагираат медиумските организации и властите
-

Мицкоски за нон-пејперот на Кос: Наше е да работиме за полноправно членство во ЕУ
-

Доколку и во иднина има блокади на балканските транспортерите штета ќе има цел Балкан, но и Европа
-

Раст на индустриското производство во декември
-

Преглед на вестите од светот
