Свет
25. јуни 2020 - 19:35

Врховниот суд во САД гласаше во корист на администрацијата на Трамп за нелегалните мигранти

Врховниот суд во САД и олесни на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп брзо да ги депортира нелегалните имигранти.

Судиите, со седум гласа „за“ и два „против, донесоа одлука во корист на администрацијата на Трамп, која се однесува на нејзината жалба против пресудата на судот од пониска инстанца дека земјоделецот од Шри Ланка, Вијајакумар Тураишигиам има право федералниот суд да ја преиспита владината одлука за неговото барање за азил.