Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, Пресека и Буково, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од АМСМ соопштуваат дека активни забрани за тешки товарни возила има на неколку патни правци - Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово и Тетово – Попова Шапка.
Од ЈП „Македонија пат“ ги известуваат сите сопственици на возила на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново да ги отстранат возилата поради непречено работа на екипите на јавното претпријатие. Посочуваат дека ЈП „Македонија пат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патишта.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи.
Потсетуваат дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15.03.2025 година.
Ново на Сител
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка