Македонија
23. May 2024 - 12:28

Врнежите од дожд не се добредојдени за пчеларството во Македонија

Врнежите од дожд во изминатиот едно месечен период не се благопријатни кон пчелараствто во Македонија. Во поглед на медопроизводството годината допрва почнува, но почетокот не ветува многу, зашто пчелите собраниот полен го трошат за сопствени потреби.

- Во моментот во природата има изобилие на билки кои цветаат, даваат нектар, полен. Пчелите собираат, немаат потреба од наша помош, меѓутоа, тие работат собираат 2-3 денови, па после има дожд па мора да седат во сандуците, не се во можност да излегуваат и тогаш го јадат тоа што го собрале, така што ние пчеларатие се надеваме дека ќе има подобри денови, изјави Александра Илиева, пчеларка

Илиева веќе 23 години се занимава со пчеларство. Вели дека, ова е специфично занимање, а во последно време интерес пројавуваат и помладите и постарите генерации.

- Оваа дејност може да се каже дека е тешка, но за да се занимава некој со пчеларство пред се треба да има огромна љубов спрема пчелите. Младите имаат интерес бидејќи во моментот има голема реклама за пчеларството, ама повеќе има интерес кај повозрасните кои заминуваат во пензија и тие се пронаоѓаат во пчеларството како хоби како дополнителен проход, додаде Илиева

Илиева појаснува дека, за успешно пчеларство не постои посебен рецепт, бидејќи пчелите сами си ја вршат работата, а улогата на пчеларите е да ги одржуваат во живот и да ги одгледуваат.