ВТА ги суспендираше сите тениски турнири во Кина
– Женското тениско здружение (ВТА) објави дека ги суспендира сите свои тениски турнири на подрачјето на Кина поради загриженост околу безбедноста на поранешната најдобра светска тенисерка во двојки Пенг Шуаи.
– Не гледам како можам да барам од нашите спортисти да се натпреваруваат таму, кога Пенг Шуаи не смее слободно да комуницира со светот и се чини дека била под притисок да ги негира своите наводи за сексуално злоставување, изјави синоќа извршниот директор на ВТА Стив Сајмон
– Имајќи ја предвид актуеланата состојба на работите, исто така, сум многу загрижен поради ризикот со кои сите наши играчи и персоналот би можеле да се соочат доколку организираме настани во Кина во 2022 година, додаде првиот човек на ВТА.
Каде се наоѓа Пенг Шуаи, една од најголемите кинески спортски ѕвезди, се наметна како
Шуаи во меѓувреме се појави во Пекинг и оствари видеоразговор со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, меѓутоа ВТА порача дека тоа не ја решила, ниту пак ја ублажила загриженоста околу нејзината безбедност.
Ново на Сител
-
Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат 30 лица
-
Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари
-
„Најтажниот ден“ во годината
-
Скопје со умерено аерозагадување, Сараево најзагаден град во светот
-
Конан О'Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“
-
Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата Стефановски, сведокот Гоце Трајковски се уште недостапен
-
Дел од Општина Ѓорче Петров без вода
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица