Македонија
15. November 2024 - 16:33

Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен

Втор ден расправа за буџетските пари за следната година. Развојниот буџет според мнозинството сериозно ќе го подобри животниот стандард – планирани биле   бројни инвестиции , нови вработувања, а обезбедени пари и за зголемување на платите и пензиите.

За СДСМ, буџетот на власта не е развоен, туку ќе биде ново задолжување за граѓаните. Обвинуваат дека иако е предвидено зголемување на буџетот на МВР, вработените нема да добијат повисоки плати.

Албанската опозицијата бара одговор од власта дали бројните вработувања кои ги најавуваат се вовед во подготовки за избори, но и зошто се крати на вработувања во делот каде треба да се обезбеди правична застапеност.

Расправата за буџетот за следната година почна вчера, а пратениците ќе дебатираат уште пет дена. Според очекувањата, гласањето треба да се случи кон средината на декември.