Втор ден меѓународна научна конференција за примената на Законот за употреба на јазиците

Во Скопје денеска продолжува тридневната меѓународна научна конференција „Многујазичноста и предизвиците на примената на Законот за употреба на јазиците“ со која се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
На конференцијата што ја организира Агенцијата за примена на јазикот, ќе учествуваат експерти за јазикот и политиките од земјава и од странство. Тие ќе ги пренесат нивните искуства и практиките на решавањето на јазичните прашања во нивните земји.
Гостите од Италија, како што соопштија организаторите, ќе ги елаборираат нивните искуства за тоа како ја
третираат многујазичноста во Јужен Тирол, а научниците од земјава ќе презентираат научни трудови за примена на јазичните политики, градење доверба и разбирање меѓу заедниците во Северна Македонија.
Организаторите најавија обраќање на претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот Бујар Османи, како и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
