Втор ден од консултациите на Радев со парламентарните партии во 47-то Народно собрание

Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ќе го реализира вториот ден од консултациите со претставниците на другите три пратенички групи во 47. Народно собрание.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, денеска претседателот на Бугарија и неговата потпретседателка Илијана Јотова ќе одржат консултации со претставниците на „Има таков народ“, „Демократска Бугарија“ и „Препород“.
На крајот на првата рунда консултации со првите четири парламентарни партии и коалиции, се појави мислење дека на Бугарија и треба функционален парламент и редовна влада за да даде соодветен одговор на кризите.
-Времето на едноличната премиерска власт во Бугарија заврши, а надежта за негово обновување е категорично отфрлена од бугарските граѓани на изборите на 14 ноември, коментира претседателот Радев.
Кандидатот за премиер од победничката партија на изборите „Промените продолжуваат“, Кирил Петков, порача дека е неодложно Бугарија да добие влада. Тој најави дека новата бугарска Влада се очекува да има по четири вицепремиери од секоја партија и две нови министерства. Се очекува и денеска да биде одобрен и потпишан политичкиот договор за формирање заедничка коалиција меѓу „Промените продолжуваат“, Бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ“ и Демократска Бугарија, по шот утре или најдоцна до четврток претседателот Радев ќе му го даде првиот испитувачки мандат на победникот на парламентарните избори „Промените продолжуваат“, која во рок од седум дена на шефот на државата треба да му го достави списокот на идни министри во новата бугарска Влада.
Ново на Сител
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
