Втор ден протести на Нов Зеланд
На Нов Зеланд втор ден по ред се одржуваат демонстрации против епидемиолошките мерки, а над стотина демонстранти кампираат пред Парламентот.
Инспирирани од големите протести против задолжителната вакцинација во Канада, новозеландските демонстранти го присвоија мотото „Конвој на слободата“ и ги блокираат улиците во Велингтон.
Бројот на демонстрантите денеска е намален во однос на вчера, а околу Парламентот има околу сто полицајци.
Новозеландските парламентарци во голема мерка ги игнорираат протестите, а според локалните медиуми ниту еден пратеник не се сретнал со демонстрантите, што беше случај за време на претходните собири.
Во Нов Зеланд од почетокот на пандемијата регистрирани се 53 смртни случаи и околу 18.000 инфицирани помеѓу популација од пет милиони жители.
Граѓаните на Нов Зеланд не се задоволни од долготрајните епидемиолошки ограничувања, меѓу кои десетдневна изолација, задолжителна вакцинација за некои категории на населението.
Ново на Сител
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти