Балкан
1. November 2026 - 17:24

Втор круг претседателски избори во Бугарија

Втор круг претседателски избори во Бугарија.

Силите си ги одмеруваат актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров.

Трката се одвива во неизвесна атмосфера, откако во првиот круг, ниту еден од кандидатите не успеа да освои доволно гласови за победа.

Утрово, и двајцата кандидати го остварија своето избирачко право.

Јотова се залага за силна и суверена Бугарија, со сопствена надворешна политика и способност самостојно да ги брани националните интереси.

Од друга страна, Ѓуров ветува стабилна и европски ориентирана Бугарија, со поцврста соработка со западните партнери и поддршка за Украина.

„Денес гласав за Бугарија која е силна и има сопствен глас, земја која е суверена во своите одлуки, која може сама да ја креира својата судбина и има силен глас на меѓународната сцена“, изјави актуелната претседателка и кандидатка за претседателка Илијана Јотова.

„Гласав за Бугарија да биде силна држава во силна Европа, но и да има сопствена надворешна политика и свој глас кога треба да се заложи за она што е најважно – националниот интерес“, изјави Андреј Ѓуров, поренешен технички премиер на Бугарија и кандидат за претседател.

Првиот круг претседателски избори го одбележа рекордно ниската излезност, околи 23 проценти. Слаб е одзивот за гласање и во Македонија. Само 265 граѓани со бугарско државјанство се пријавиле за да го остварат своето право на глас.

Во дождливото Скопје, дел од бугарските државјани денеска излегоа на гласање за да го остварат своето избирачко право.

Екипата на Сител ја забележа атмосферата пред Амбасадата на Бугарија, каде што граѓаните пристигнуваа да гласаат.

Освен во Скопје, бугарските државјани може да гласаат и во Кочани, Битола, Струмица, Охрид и Прилеп.

Избирачките места се отворени до 20 часот, по што се очекуваат првичните резултати од изборниот процес.