Втора ноќ на судири меѓу полицијата и демонстранти во предградие на Париз

Припадници на француската полиција втора ноќ по ред се судрија со група демонстранти во северното париско предградие Бомон-сир-Оаз, кои протестираа поради смртта на млад маж додека бил во притвор.
Како што јавија француксите медиуми, при судирите се приведени осум лица, од кое дел се обвинети за фрлање со заплливи предмети кон полицајците, а дел за обид за опожарување на зградата на локалната самоуправа во Бомон-сир-Оаз.
Протестите започнаа откако еден 24-годишен маж почина во локланата полициска станица во вторникот попладне, набрзо по неговото апсење. Според медиумите, уште при приведувањето, тој се жалел на проблеми со срцето, по што набрзо по пристигнувањето во полициската станица починал.
Причините за смртта на приведениот се уште се утврдуваат, соопшти претставник на локалните власти.
Меѓутоа, членови на семејството на починатиот, тврдат дека полициајците го претепале затоа што тој пружал отпор при обидот на полицијата да ги приведат него и брат му, под обвинение за насилство и рекет.
Во протестите од минатата ноќ учествувале околу 200 лица, но засега нема информации за повредени.
По протестите од ноќта меѓу вторникот и средата, кога беа повредени петмина полициајци и опожарени пет возила и четири јавни објекти, властите синоќа во предрадието распоредија дополнителни 180 припадници на силите на редот.
Ново на Сител
-

За осум месеци 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди
-

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
-

Млади лидери од 15 држави на 24. Меѓународна младинска конференција во Крушево
-

Вучиќ во ОН: Србија ги поддржува постапките на Трамп, тој придонесува за пофер поредок во светот
-

Шји Џјинпинг: Кина и САД треба да бидат партнери, а не ривали
-

Сончево и постудено утро, до 25 степени во текот на денот
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
