Втора средба на Синдикатот на УПОЗ и Владата

Синдикатот на УПОЗ попладне повторно треба да се сретне со претставници на Владата. На средбата ќе се разговара за барањата на вработените во судската и јавнообвинителската служба кои бараат зголемување на платите за 78 проценти и исплата на додатоците за плата.
Минатата недела се одржа првата средба која заврши без конкретен договор. По средбата, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски изјави дека очекуваат конкретен предлог од Владата на следната средба.
- Се договоривме наредната недела да се достават уште неколку податоци, особено за судовите. Тоа ќе го направи Министерството за финансии. Ќе се сретнеме во вторник или во среда уште еднаш за да видиме дали од спротивната страна ќе добиеме конкретна понуда за нашите барања, изјави тогаш Деаноски.
Штрајкот на судската администрација, според најавите на Синдикатот на УПОЗ, ќе трае додека не добијат одговор од Владата. Дотогаш, ќе се работат само итните случаи.
Ново на Сител
-

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ
-

Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран
-

Над 340 украински дронови насочени кон Москва во изминатите 24 часа, интензивни руски напади врз Киев
-

Сиљановска - Давкова: Македонско-француското пријателство е втемелено на меѓусебна почит
-

Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче
-

Седница за опозициски прашања во Собранието
-

Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
