Македонија
30. July 2016 - 20:26

Вторник и четврток следни неработни денови - Еве кога ќе одмориме

Следен неработен ден е 02 август (вторник), Ден на Републиката кој е национален празник и е неработен за сите граѓани во Македонија.
 
А во продолжение погледнете кои ќе бидат неработни денови во 2016 година:
 
 За сите граѓани на РМ
 
• 8 септември (четврток), Ден на независноста
 
• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
 
• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден
 
• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”
 
За граѓаните од православна вероисповед
 
• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
 
За граѓаните од католичка вероисповед
 
• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци
 
• 25 декември (недела), првиот ден на Божик
 
За граѓаните од муслиманска вероисповед
 
• 12 септември (понеделник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
 
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
 
• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука
 
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
 
• 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите
 
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
 
• 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
 
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
 
• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците
 
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
 
• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик