Вучиќ: Без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, денеска, на Меѓународниот самит за нуклеарна енергија во Брисел, изјави дека без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане и дека важноста што му се придава на овој Самит покажува дека струјата ќе биде се повеќе потребна, јави дописникот на МИА од Белград.
-Овој самит и важноста што му се придава покажува какви погрешни одлуки донесовме во изминатите децении. Едноставно кажано, без нуклеарна енергија нема да можеме да го преживееме доаѓањето на вештачката интелигенција или електричните автомобили, оцени Вучиќ.
Тој порача дека треба да се види како да се дојде до поголем број мали модуларни реактори за искористување на нуклеарната енергија, за што Србија има три проблеми.
-Првиот проблем е што, барем во мојата земја, го немаме потребното знаење за користењето на нуклеарната енергија и не знаеме како ќе го обезбедиме тоа знаење и тие луѓе. Втората работа е како ќе ги финансираме сите овие проекти. И можам однапред да ви кажам дека навистина сме заинтересирани да добиеме најмалку четири мали модуларни реактори кои ќе заменат 1200 мегавати. Не знаеме како ќе го направиме тоа, како ќе го финансираме тоа бидејќи се работи за 7,5 до 8 милијарди евра Третата работа е дека ќе треба да го менуваме ставот на нашиот народ, рече Вучиќ.
Тој кажа дека „во секој случај Србија ќе биде подготвена значително да учествува во тоа, но дека треба да добиеме некаква поддршка од водечките земји од ЕУ“.
Ново на Сител
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
-

Татко го пронашол починато своето бебе во семејниот дом
