Вучиќ: Да, постои паника со загадувањето, но и кампањата што се води е гротескна
Во услови кога е големо загадувањето на воздухот во Србија и откако Енергетската заедница (ЕЗ) вчера покрена спор против Србија поради непочитување на лимитот за емисија на штетни гасови согласно Директивата за големи ложишта, српските медиуми за денеска го најавија ветерот како спас од загадувањето, јави дописникот на МИА од Белград.
Се огласи и претседателот Александар Вучиќ, кој изјави дека проблемот со загадувањето на воздухот е реален и дека конечно мора да се реши, но истакна дека има и кампања, која понекогаш е гротескна.
– Има вистински проблем, но има и кампања, која понекогаш е гротескна. Проблемот трае со децении, истакна Вучиќ на ТВ Прва, посочувајќи дека нема простор за никаква паника.
Тој рече дека Белград, на пример, вчера и еден ден претходно го имал истото ниво на честички како во Милано, кој е еден од најразвиените градови, но потенцираше дека не сака да бара оправдување, туку решенија.
Вучиќ истакна дека државата ќе го реши овој проблем во наредните шест, седум години, со континуирана работа на решавање на проблемите со загадувањето и дека најважните проекти се десулфуризација и воведување на зелена енергија.
Како пример, тој најави дека со јапонската Џајка е договорен проект за десулфуризација на ТЕНТ, додека нешто слично се прави со Кинезите во Костолац.
– Ништо посебно не се случува, но ние не секогаш ја работиме својата работа и затоа сме виновни, но нема простор да се паничи. Не треба да претеруваме, отсекогаш имаме магла, кажа Вучиќ, истакнувајќи дека тој не чувствува проблеми заради маглата, ниту вина.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд