Вучиќ: Денеска очекуваме драматичен скок на заразени, Белград најголемо жариште на Ковид-19
Српскиот претседател Александар Вучиќ говорејќи за ширењето на коронавирусот, изјави дека очекува од денеска да почне да се зголемува бројот на заразени лица, меѓу другото и затоа што со новата стратегија ќе се зголеми бројот на тестирани лица.
Вучиќ додаде дека за десетина дена, бројот на тестирани може да се очекува да биде 3.000, но оти ова е најдобриот начин да се задржи пандемијата и да се спречи вирусот да се шири на што повеќе луѓе.
– Тоа е нешто со што треба да се справиме и подобро е да го сториме тоа што е можно поскоро … Имаме поголем број лица на респиратори и затоа е важно да се спречи со вирусот да се заразат уште многу луѓе, кажа тој, додавајќи дека е договорено со кинеските експерти да се постави голема лабораторија, која ќе може да направи 2.000 тестови на ден.
Вучиќ повтори дека денеска е далеку најтешкиот ден, со најмногу тестирани и дека утре ќе биде уште полошо.
– За првпат, ќе имаме прецизна слика за тоа колку заразени лица влегле од странство. Се плашиме дека тоа е ужасно голема бројка, кажа Вучиќ.
Во врска со веќе подготвениот карантин на Белградскиот саем со 3000 лежаи, тој порача дека „сите ќе мора да одат на Саем, ако имаат вирус.“
-Некој тука треба да помине 14 до 21 ден, а она што нема да му биде комфорно тоа не ме интересира, ние се бориме за животите на луѓето и ако некој мисли како ќе се шминка или да мие заби четири пати на ден, е нема, ќе ги пере еднаш дневно, додаде српскиот претседател.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло