Вучиќ до Пендаровски и Заев: Нема зборови со кои може да се опише болката што ја споделуваме со вас
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска упати телеграма со сочувство до претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и до премиерот Зоран Заев, по повод тешката сообраќајна несреќа во која 46 луѓе ги загубија животите, јави дописникот на МИА од Белград.
Претседателот Вучиќ лично и во име на граѓаните на Србија, упати најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и народот во Македонија, а на повредените им посакува брзо и успешно закрепнување.
– Со неверување и тага ја примив страшната вест за трагичната смрт на патници во автобус во Бугарија. Не постојат зборови со кои може да се опише болката што ја споделуваме со граѓаните на вашата земја. Молчејќи пред оваа трагедија, упатуваме молитви за утеха до семејствата на жртвите и до целиот ваш братски народ. Србија и сега е со вас, подготвена да ја пружи сета потребна помош и поддршка, бидејќи не сте сами во оваа трагедија, стои во телеграмата со сочувство, соопштија од неговиот кабинет.
Ново на Сител
-
МНР: Пописот во Албанија не ја отсликува реалната бројка на етнички Македонци во земјата
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата
-
Контраадмирал Тим Хенри: Командите на здружените сили на НАТО се отворени и за помалите земји членки
-
Времето утре сончево и многу топло со температури до 38 степени
-
Тешко повреден мотоциклист во судир со трактор во Струмица
-
Убиена е жена во Сараево: Уапсени се сопругот и свекорот
-
Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Струга
-
СДСМ утре избира нов лидер на партијата