Вучиќ: ЕУ до сите да упатува исти пораки за зачувување на стабилноста

Би сакале Европската унија да упатува исти пораки кога е во прашање зачувувањето на стабилноста на целиот регион на Балканот, изјави денеска во Белград српскиот премиер Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
- Очекуваме добра соработка со ЕУ и во иднина и сакаме ЕУ да упатува исти пораки кон сите во нашиот регион за зачувување и одржување на неопходната стабилност. Но, она што ни пречи е тоа што за Србите и Србија не ретко постојат едни аршини и стандарди, а за другите други и се плашам дека нема одговор што би било кога јас би изговорил дека Србите во Босна треба да ги земат работите во свои раце, како што други велат за Македонија, изјави Вучиќ по средбата со Могерини.
Како што јави Танкуг, Вучиќ оцени дека каков и да биде одговорот на тоа прашање тој „нема да биде суштински во годините што се пред нас“.
- Ние Србите мораме да се навикнуваме на тоа, додаде српскиот премиер.
Вучиќ нагласи дека најголем проблем за економскиот раст на Србија претставува регионалната нестабилност. - Единствено за тоа прашање кај нас постои стравување, порача Вучиќ.
Могерини од своја страна изјави дека ЕУ е посветена на определбата „да ја држи отворена вратата за Србија“.
- Србија ќе биде дел од Унијата и ние со нетрпение очекуваме да и посакаме добре дојде, рече Могерини.
Таа истакна дека во изминатите две години Србија постигнала „големи резултати и целосна посветеност“ на европските интеграции, нагласувајќи дека очекува таа псоветеност да продолжи.
- Сигурна сум дека тоа ќе биде во полза не само на целиот српски народ, туку и на граѓаните на ЕУ, изјави Могерини.
Таа нагласи дека ЕУ во моментов ја разгледува својата иднина, не само како „Унија на 27 членки, туку и на другите земји што ќе и се придружат“.
Ново на Сител
-

Муцунски од Израел: Директна авиолинија Тел Авив–Скопје или Охрид, унапредување на соработката во туризмот
-

ЦУК: Пет пожари активни, еден под контрола
-

Бројот на жртвите во поплавите во Непал се искачи над 600
-

Зеленски се закани дека ќе ја нападне Русија со 1.000 дронови дневно
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

Денес се празнува Преподобен Јоаким Осоговски
-

Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор за нафта во историјата на светот“
