Вучиќ и неговата фамилија тајно прислушкувани
Клучен актер во оваа афера, барем засега, освен поранешниот државен секретар на Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која одбива да биде ставена на полиграфско испитување, е и Дејан Миленковиќ-Багзи, нејзин најблизок соработник и поранешен началник на Службата за специјални истражни методи на Управата за криминалистичка полиција, пренесуваат Новости.
Според неофицијалните информации на Новости, Дејан Миленковиќ-Багзи се согласил на полиграф и го поминал овој тест, односно докажал дека не лаже за настаните во оваа служба, во времето кога бил на нејзино чело.
Тој, наводно, потврдил дека имало тајни мерки за прислушување без судски наредби.
-Имало и случаи кога се правеа транскрипти од тајни разговори кои се носеа на Дијана Хркаловиќ, без да бидат запишани во официјалните полициски документи, изјави соговорникот на Новости.
Пред две недели, Вучиќ објави дека има докази дека бил прислушуван година и пол, дека станува збор за директен обид за државен удар и дека во прислушувањето „несомнено е дека учествувал и странски фактор“, додавајќи дека не ги обвинува странците, „кога пред сè се замешани наши“.
-Ова дојде до мене, бидејќи имаше чесни полицајци кои ми ги донесоа, кажа Вучиќ, кој додаде дека му биле доставени дискови на кои биле снимени неговите прислушувани разговори.
Ново на Сител
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери