Вучиќ ја презеде должноста претседател на Србија

Александар Вучиќ денеска положи заклетва во Собранието на Србија и ја презеде должноста шеф на држава.
Заклетвата ја положи на Уставот на Србија и на Миросавлевото евангелие.
- Се колнам дека сите свои сили ќе ги посветам на зачувување на суверенитетот и целата територија на Република Србија, вклучително и на Косово и Метохија, како нејзин составен дел, како и остварување на човековите и малцинските права и слободи, почитување и одбрана на Уставот и законите, зачувување на мирот и благосостојбата на сите граѓани на Република Србија и дека совесно и одговорно ќе ги исполнувам сите свои должности, посочи Вучиќ.
Вучиќ е избран за претседател на Србија во првиот круг oд изборите на втори април со освоини околу 56 отсто од гласовите односно со поддршка на повеќе од два милиони гласачи.
Ново на Сител
-

Потребно е проширување на понудата на културниот туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Документарен филм „Природно од Преспа“
-

Тема на денот со Дарко Дaнев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
