Вучиќ: Криминалците имаат соработници во државниот апарат
Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа во гостувањето на ТВ Прва потврди дека криминалците од големите криминални групи имаат „соработници во државниот апарат“ и најави голема чистка, пренесува Танјуг.
Вучиќ на телевиизијата зборуваше за убиството на Александар Станковиќ, попознат како „Сале Мутави“, објаснувајќи дека станува збор за „увезено убиство“ и дека „се донесени лица од страна да беснеат по Белград“.
-Уапсени се две лица во враска со оваа убиство, тоа се лица донесени од страна и секако дека ништо нема да кажат бидејќи мислат дека имаат алиби. Меѓутоа, мораме да кажеме дека сите кои мислат да убиваат по Србија ќе ја почуствуваат жестоката тупаница на државата и дека монструмите кои убиваа по нашата земја тоа добро ќе го запаметат, порача Вучиќ.
На прашањето за соработниците во државниот апарат, за што претходно вчера зборуваше министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, премиерот кажа дека нема конкретни податоци за тој случај.
-За овој случај не знам, но дали тие имааат соработници - имаат. Сите ќе ги исчистиме, без разлика колку тешко тоа ќе биде. Тоа се опасни луѓе, кои имаат врски и со странски разузнавачки агенции. Ќе биде - или ние или тие, но Ви велам дека државата ќе победи и затоа добро нека размислат што ќе прават, па да видиме кој од полицајците и специјалците ќе седи по нивните јахти и вили и ќе прави бизнис, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
Три лица убиени во напад со нож на Менхетен
-
Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга
-
Зеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина
-
Во Грузија судири меѓу демонстрантите и полицијата, уапсени најмалку десет лица
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина
-
Во Берово најстудено, -6 степени
-
Почнува амандманска расправа за Предлог - буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет
-
Муцунски и Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство