Вучиќ: Курти дојде да праша кога ќе го признаеме Косово, мојот одговор беше – никогаш
На средбата меѓу Вучиќ и Курти присуствуваат и министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.
-Јас дури и не знам што да ви кажам, должината на разговорот зборува за резултатите. Договорено е да се продолжи дијалогот на највисоко ниво до крајот на јули, се надевам дека ова е важна работа што може да гарантира мир и стабилност. Албанската делегација не сака да ги исполни договорите потпишани од Албанците. Тие побараа веднаш и итно да слушнат кога ќе го признаеме Косово, а ги нарекуваат инциденти и провокации фактот дека Србите сакаат да присуствуваат на литургии во нивните цркви затоа што таа земја е дадена за време на владеењето на Слободан Милошевиќ. Албанците не сакаат да зборуваат за Сојузот на српски општини, тие прашуваат кога ќе ја признаеме независноста на Косово, рече Вучиќ.
Како што рече, Курти дошол „за да не се договори“.
-Тој дојде да праша кога ќе го признаете Косово. Мојот одговор беше – никогаш, а потоа се детонираше, рече претседателот на Србија.
Ново на Сител
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба
-
Апелација ја укина пресудата против Зекири
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка