Вучиќ : Не ме интерсира стенограмот зашто знам што мисли Брнабиќ
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека не знае дали премиерот Ана Брнабиќ му предала препис од нејзиното интервју за америкаската агенција „Блумберг„ на рускиот амбасадор во Белград, Александар Черупин.
-Дали некој некому му давал стенограм, тоа не ме интересира. Знам што таа мисли, знам на кој пат е определана Србија и верувам дека таква политика ке води и владата„- рекол Вучиќ во разговор со домашните новинари.
Случајот со стенограмот што Брнабиќ му го дала на рускиот амбасадор, за да како што се вели во дел од белградските медиуми, се оправда дека една нејзина изјава од интревјуто, е погрешно интерпретирана од „Блумберг„ - го откри портпаролот на руското министерство за надворешни работи.
Брнабиќ во интервјуто има речено дека доколку Србија треба да се определува меѓу ЕУ и Русија, на крајот ке се определи за ЕУ.
Веднаш потоа, официјална Москва изрази „загриженост„ околу таквата изјава на новиот српски премиер, по што портпаролот Марија Захарова, следниот ден откри дека рускиот амбасадир ја посетил Брнабиќ која притоа му предала стенограм од интервјуто.
Вучиќ сега смета дека непотребмо се расправа околу целото ова прашање.
Тој инсистира дека Србија е на европскиот пат, но дека суштината на нејзината политика е оти „никој не може да и поставува ултиматум за пријателство„.
Дел од медимите и српската опозиција ја осуди постапката на Брнабиќ како недолична и недостојна, забележувајќи дека ако веќе Белград морал да се оправда пред Москва, тоа требало да се направи дискретно , по дипломатските канали.
Во текот на претседателската кампања, Александар Вучиќ на неколкупати порачуваше дека Србија нема да дозволи странски амбасадори да и кажуваат што и како да прави.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам