Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчеравечер оцени дека полицијата покажала, како што наведе, голема воздржаност на вечерашните насилни демонстрации во Нови Сад и порача дека секој насилник ќе биде уапсен, јави дописникот на МИА од Белград.
На прашањето дали слушнал дека поранешниот претседател на општина Инџија, Горан Јешиќ нападнал полицаец и дека е уапсен, Вучиќ одговорил дека секој насилник ќе биде уапсен.
-Ние не смееме да одговориме со насилство. Полицијата покажа голема воздржаност, почит, рече Вучиќ пред просториите на СНС во Нови Сад.
Посочи дека нарко дилерите наскоро ќе го имаат најтешкиот ден во Нови Сад, како што вели, дури од утре.
-Како што го излеkuvavme Белград од Звицер, Беливук, Миљковиќ и нивниот шеф, главната политичка фигура, така и овде ќе си ја завршиме работата, рече Вучиќ.
Тој додаде дека синоќа најавил дека ваква вечер ќе се случи во Нови Сад.
Вучиќ ги посети и полициските службеници во Нови Сад и посочи дека вечерва издржале терор од невидени размери.
-Ги посетивме полицајците во Нови Сад кои вечерва претрпеа терор од невидени размери. Тие се воздржаа и покажаа одговорност. Ви благодариме, девојки и момчиња за љубовта кон Србија, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил buducnostsrbijeav.
Ново на Сител
-

Разбиена криминална организација во Грција за нелегално производство и трговија со тутунски производи
-

СВР Куманово: Приведени четири лица, нападнале вработен во фудбалски клуб
-

Заменик министерот Исени и францускиот амбасадор Де Риголер на отворањето обука за борба против подведување и трговија со луѓе
-

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на својата мајка
-

Цртеж на Микеланџело од пред 500 години, продаден за 27,2 милиони долари
-

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
