Вучиќ: Признавањето на Косово нема да биде тема во САД, ниту тоа ќе го дозволиме
Признавањето на Косово ниту ќе биде тема на состанокот во Вашингтон на 27 јуни, ниту ќе го дозволиме тоа, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Американците веќе најавија дека сакаат да разговараме за економијата, и досега разговаравме само за економијата, кажа тој, додавајќи дека очекува добар разговор и со претставникот на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак и одлична посета на Руската Федерација.
-Ќе видиме дали Албанците ќе го почитуваат она што го рече Ричард Гренел за не кандидирање во меѓународните организации. Тоа Хашим Тачи не го сакаше. Четири години разговарав и сега тој одеднаш го прифати тоа, кажа Вучиќ.
Тој им порача на сите оние што зборуваат дека Србија ќе ја признае независноста на Косово на Видовдан да престанат „со тие лаги“.
Вучиќ оцени дека проблемот е во тоа што во иднина тој не гледа суштинско решение за косовскиот проблем кое би било подеднакво прифатливо или подеднакво неприфатливо за обете страни.
Говорејќи за најновите односи меѓу САД и Германија, Вучиќ кажа дека се „одвива голема игра помеѓу големите играчи во меѓународната заедница за кои и ние и Албанците сме премногу мали. Од друга страна, Албанците водат свои внатрешни игри“, забележа Вучиќ и додаде дека е среќен што Србија не води вакви игри, но се однесува сериозно и одговорно и не е проблем да води дијалог.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево