Вучиќ: Србија досега немаше политика за Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Косово е суштината на политичката сегашност и иднина на Србија, но оти Белград досега само кажувал што не сака, а немала никаква политика во врска со ова прашање.
- Од октомври почнува нова фаза во дијалогот. Неопходно е тој да биде институционализиран и да се одржат многу широки консултации. Тој дијалог треба да се спорведе на повеќе нивоа, преку концентрични кругови, да биде сериозен, одговорен, да имаме јасни цели и да биде инклузивен и толерантен, рече Вучиќ во обраќањето на вонредна прес-конференција во Белград.
Тој најави и дека ќе биде објавен извештај за досегашниот тек на преговорите за Косово, во кој ќе бидат презентирани резултатите од разговорите во изминативе три години, како и сите потези што ги презела Србија во врска со косовското прашање од 1998 година.
- Кога ќе го погелденте тоа, ќе можете да видите колку е сложена нашата модерна историја и колку промашувања имало тука, додаде Вучиќ.
Тој потенцира дека резултатите во дијалогот што Белград го води со Приштина со посредство на Брисел се постигнати по тешки преговири.
- Дали некој од вас смета дека некогаш ми било убаво кога ќе седнам со Тачи, Могерини, Кетрин Ештон? Не се сеќавам на ниту еден убав момент. Веќе имам Павлов рефлекс. Секогаш чувствувам мачнина кога ќе ме повикаат од Брисел, бидејќи знам дека ништо убаво нема да се случи, додаде Вучиќ.
Тој нагласи дека ја поддржува одлуката на Српската листа да влезе во новата косовска Влада, но дека Србија не го менува своето мислење за косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Ново на Сител
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД