Вучиќ: Србија оди на предвремени парламентарни избори

Главниот одбор на најголемата партија во српската владина коалиција, Српска напредна партија (СНС) денеска реши да го поддржи предлогот на партискиот лидер и премиер на Србија, Александар Вучиќ за одржување предвремени парламентарни избори во земјата.
Како што јави Танјуг, Вучиќ во обраќањето на седницата нагласи дека решил да побара одржување предвремени парламентарни избори, со цел „да се разреши општествениот судир кој ги блокира реформите“ и затоа што сака со спроведување на реформите во 2020 година „да ја доведе Србија пред вратите на ЕУ како пристојна и уредена земја“.
- На Владата и е потребен цел мандат со цел до 2020 година да ги заврши започнатите реформи, кои ќе ја изведат Србија на добар и сигурен пат, потенцира Вучиќ.
Одлуката за одржување на предвремени избори на седницата на 505-члениот Главен одбор на СНС е донесена со акламација и со долготраен аплауз.
Вучиќ во обраќањето нагласи дека откако СНС ја презеде власта, Србија постојано се наоѓа во „состојба на латентен општенствен судир“ и дека неговата Влада постојано наидува на огромен отпор во нејзините напори за разбивање на блокот „составен од тајкуни, политичари и криминалци на кои не им е во интерес Србија да нпредува и што било да се менува“.
- Започнавме судир и со нив и со оние во нашите редови на кои власта им е само начин за лично богатење, истакна Вучиќ.
Тој нагласи дека во изминативе години додека е на впаст, СНС спровела мерки „од кои сите бегале“.
- Тоа од самиот старт ни донесе непријатели, но горд сум што работевме посветено и на Србија и изградивме углед каков што немала во поновата историја, порача Вучиќ.
Српскиот премиер потенцира дека неговата Влада од Србија направила „столб и симбол на стабилноста“ и затоа сега решила да оди на избори за да дознае дали граѓаните го сакаат и го поддржуваат она што таа го прави за земјата.
- Изборите пред нас ќе бидат многу тешки. Мораме да победиме... Граѓаните ќе знаат да изберат, затоа што никој не може да ја запре Србија на патот кон подобра иднина, им порача Вучиќ на своите сопартијци.
Според српските медиуми, предвремени парламентарни избори најверојатно ќе се одржаат заедно со локалните, кои се предвидени за почетокот на мај.
Ново на Сител
-

Вечерва во 18 часот се осветлува Скопје: Ѓорѓиевски најави богата новогодишна програма на плоштадот „Македонија“
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
-

Медиуми во Австралија: Крвавиот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
-

Фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј
-

Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
-

Австралискиот премиер предлага построги закони за оружје по масовното убиство на плажата Бонди
