Вучиќ: Тајван е Кина и точка
Српскиот претседател Александар Вучиќ пред посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Белград на 7 и 8 мај изјави дека Кина е најдобриот партнер на Србија во остварувањето на државните цели, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ за кинеската CCTV изјави дека Србија е целосно посветена на посетата на Си и верува дека таа ќе донесе корист и ќе биде во интерес и на кинескиот и на српскиот народ.
– Има една важна работа. Договорот за слободна трговија што го потпишавме во Пекинг. Тоа е многу важен договор за нас. Затоа што сега постигнавме вкупна трговска размена од 6,1 милијарди долари меѓу нашите две земји. Верувам дека тоа ќе го удвоиме или ќе биде за три пати повеќе во следните 10 години или дури и повеќе од тоа, рече Вучиќ.
– Кина отсекогаш била на страната на меѓународното јавно право и секогаш не поддржувала, како што ние секогаш ја поддржувавме Кина. Тајван е Кина. И точка, рече претседателот на Србија.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека