Вучиќ утре на средба со Макрон во Париз
Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во работна посета на Париз, каде ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон.
Вучиќ денеска отпатува за Париз, а на својот Инстаграм профил напиша дека ќе има важни разговори за Србија, Косово, европскиот пат на Србија, како и изградбата на белградското метро.
Како што пренесува Танјуг, се очекува теми на разговор, покрај билатералните односи, да бидат и економска соработка меѓу двете земји, но пред се тековната борба против пандемијата на коронавирусот.
Последен пат двајцата претседатели разговараа телефонски на 19 декември, кога шефот на француската држава изјави дека Србија ја има поддршката на Франција на европскиот пат, а Вучиќ укажа на важноста на процесот на евроинтеграција на Западен Балкан за мир и стабилност во регионот.
Ново на Сител
-
ЕСМ: Од денеска до 5 април минимални редукции на испораката на топлинска енергија во Скопје
-
Два нови случаи на Ковид-19 во државава
-
Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ
-
Отворена истражна постапка против лично обезбедување на премиерот, осомничен за „оддавање службена тајна“
-
Осум кандидати за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги претставија нивните кандидатури
-
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади на енергетските капацитети
-
Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари за литар
-
ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати